Уште 21 мали хидорцентрали ќе се градат под концесија

Bez autora
Mar 19 2012

Договор за концесија за изградба на 21 мали хидроелектрични централи со вкупен инсталиран капацитет од 23,3 МW и очекувано годишно производство од 87 GWh, потпишан е денеска во министерството за економија. Проценетата инвестиција изнесува 40 милиони евра, а на име на еднократен надоместок во Буџетот на Република Македонија уплатени се 291,5 милиони денари (4,73 млн евра). Локациите каде ќе се градат малите хидроелектрични централи се на реките Бистрица, Пена, Брза Вода, Крива река, Одранска, Беловишка, Бачишка и Јабланица. Со овие 21 договор за концесија, вкупната бројка на потпишани договори за концесија за вода за производство на електрична енергија од мали хидроелектрични централи изнесува 68, а треба да започнат со работа 3 години од потпишувањето на овие договори. Три мали хидроелектрани веќе имаат добиено лиценци за производство на електрична енергија и се во фаза на стекнување на статус на повластен производител со што ќе можат да ги користат повластените тарифи.

Уште 21 мали хидорцентрали ќе се градат под концесијаДоговор за концесија за изградба на 21 мали хидроелектрични централи со вкупен инсталиран капацитет од 23,3 МW и очекувано годишно производство од 87 GWh, потпишан е денеска во министерството за економија.

Проценетата инвестиција изнесува 40 милиони евра, а на име на еднократен надоместок во Буџетот на Република Македонија уплатени се 291,5 милиони денари (4,73 млн евра).

Локациите каде ќе се градат малите хидроелектрични централи се на реките Бистрица, Пена, Брза Вода, Крива река, Одранска, Беловишка, Бачишка и Јабланица.

„Со овие 21 договор за концесија, вкупната бројка на потпишани договори за концесија за вода за производство на електрична енергија од мали хидроелектрични централи изнесува 68, а треба да започнат со работа 3 години од потпишувањето на овие договори“, изјави министерот за економија Ваљон Сараќини.

Тој информираше дека три мали хидроелектрани веќе имаат добиено лиценци за производство на електрична енергија и се во фаза на стекнување на статус на повластен производител со што ќе можат да ги користат повластените тарифи.

„Уште 7 мали хидроцентрали се во фаза на изградба и се очекува до крајот на годината истите да бидат изградени. Останатите се во финална фаза на добивање на одобрение за градење од надлежните институции“, рече Сараќини.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik